ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Се зголемува бројот на корисници на наркотици во гостиварскиот регион

Најмладиот регистриран корисник има само девет години

Бројот на корисници на наркотици во Гостивар секој ден се зголемува и покрај зголемувањето на полициските контроли. Од полициското одделение Тетово велат дека веќе една година преземале мерки против 56 лица кои биле фатени со производство, продажба и употреба на наркотици. Зголемувањето на бројот на корисници на дрога, особено адолесцентите кои се и најголем број корисници, доаѓа како резултат на економските услови, но и недостатокот на контрола од страна на родителите, велат социолозите.

Ова е фактор кој се поврзува со сиромаштијата и невработеноста. Сепак имаме нови студии кои покажуваат дека дури и вишокот пари кои се во рацете на тинејџерите, особено кога тие немаат родителска контрола се причина за наркоманија. Родителскиот авторитет, односно нивната постојана грижа и контрола е првата форма што може да ги заштити адолесцентите од оваа појава“-рече Ардита Абдули, социолог.

Ако зборуваме за малолетни, повеќе влијае желбата да се идентификуваат со група… да бидат дел од одредена група која ги охрабрува оние кои користат дрога, да се идентификуваат со таа група или да им се допаѓаат на нив“-изјави Манушаќе Абдиу, психолог.

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари ја обвинува полицијата за оваа појава, притоа барајќи од нив не само да прават извештаи, туку и конкретни активности.

За жал, ова стана секојдневна рутина за младите и државата треба да преземе нешто, затоа што општината нема надлежност да ги спречува овие појави. Затоа полицијата и покрај пријавите, мора да преземе мерки и да се бори против овој феномен. Без конкретни активности од нив, никогаш нема да има резултат“-рече Арбен Таравари, градоначалник на Гостивар.

Според податоците на организациите кои се занимаваат со третман на наркозависници, во Гостивар има околу 700 корисници, од кои околу 50 се тинејџери. Најмладиот регистриран корисник има само девет години, додека најстариот 70 години.

Башким Сулејмани 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button