ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сеизмолошката опсерваторија работи со застарена опрема, а нема ниту доволно кадар

Сеизмолошката опсерваторија, главната институција што врши мерења и обезбедува информации за јачината на земјотресите, нема персонал, но и современа опрема. Шефот на Опсерваторијата, Драгана Черних, вели дека нивните постојани барања до Министерството за образование наишле на глуво уво.

 Но, од Министерството за образование велат дека за сите недостатоци треба да се обратат на Факултетот за математички и природни науки при Универзитетот Свети Кирил и Методиј. Во време кога Опсерваторијата работи со застарена опрема, граѓаните за земјотресите претпочитаат да бидат информирани од разни апликации и социјални мрежи.

 „Само она што Фејсбук го најавува инаку не.“

 „Од вестите, од медиумите.“

 Од Сеизмолошката опсерваторија велат дека имаат и мал број мерни станици. Според нив, во земјава треба да има околу 15 станици, но во моментов работат помалку од половина.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button