ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Одбележан 22 ноември, денот на албанската азбука

На денот на албанската азбука, честитки упатија политички претставници и шефови на држави. Вицепремиерот Артан Груби рече дека оваа годишнина е посветена на Ѓерѓ Фишта, додавајќи дека јазикот како духовно право не може да се регулира со преговори и договори.

Оваа година ја одбележуваме 80 – годишнината од смртта на големиот Ѓерѓ Фишта, претседател на Комисијата за изготвување на азбуката на битолскиот Конгрес, на кого, со ваша дозвола, би сакал да му ја посветам оваа годишнина од денот на албанската азбука”-изјави Артан Груби, вицепремиер.

Министерката за култура, Ирена Стефоска во честитката за денот на азбуката потсети дека мајчиниот јазик е аманет меѓу генерациите.

 Тажно е кога многу раководители на институции, дури и Албанците, не го почитуваат албанскиот јазик. За овие прекршители, заедно го создадовме инспекторатот што ќе го осуди одбивањето и игнорирањето на албанскиот јазик, но за жал, оваа институција е предводена од кадар на политичка партија која две децении ветува едно, а прави друго“-истакна Бујаре Абази, Алијанса за Албанците.

Честитки за денот на албанската азбука упатија и државното раководство, Претседателот на државата, Претседателот на Собранието, Премиерот и лидерите на политичките партии. Доделувањето на државната награда „22 Ноември“ се одржа во Собранието, чиј добитници за оваа година се професорот Џеват Лоши и академик Али Алиу.

Адријан Ќерими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button