ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Затворениците во Идризово стравуваат од Ковид-19, бараат масовно тестирање

Затворениците во Идризово бараат масовно тестирање. Според нив, во последните денови во затворот бројот на заразени од ковид 19 значително се зголеми и затоа се потребни превентивни мерки. Тие се жалат и на начинот на лекување и на недостаток на хигиенски препарати.

Бараме од директорот и од Владата да не тестираат сите што сме во карантин од 17 – ти. Да направиме тестови и да знаеме кој е позитивен, а кој негативен, да не чекаме сите да бидат заразени. Од 60 лица во ова одделение, девет од нив се заразени. Исто така, сакаме да го демантираме директорот на затворот кој рече дека вирусот навлегол од посетите. Не е точно, вирусот навлезе од пренесените од Куманово кои беа донесени без протоколи и без изолација“-рече Исмаил Аќеми, затвореник.

Третманот го определуваат затворските лекари, но затворениците го осудуваат начинот на лекување. Според нив, во затворот неопходните протоколи не се почитуваат, додека голем дел од затворениците се плашат да ги кажат своите симптоми поради условите во кои се лекуваат.

Директорот на затворот Идризово, Јовица Стојановиќ, денеска не беше достапен за коментар. Во својата последна изјава тој потенцираше дека движењето во затворот е организирано според протоколите и дека распоредот на посетите е намалена поради ризикот од пренесување на вирусот. Во моментов само во одделот шест има четири позитивни лица, пет се сомневаат дека имаат симптоми, додека еден затвореник чека за тест.

Адријан Ќерими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button