ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во градот на азбуката, средношколците Албанци не може да учат на мајчин јазик

Се одбележа Денот на азбуката на албански јазик. Во Битола, градот каде што беше обединета азбуката на албански јазик пред 112 години, средношколците Албанци не можат да го уживаат право на образование на нивниот мајчин јазик. Во средните училишта во Битола нема настава на албански јазик. Учениците Албанци во овој регион се мора да се образуваат на македонски јазик. Ова го потврди Бесона Јусуфи, матурантка во гимназијата „Јосип Боз Тито“ во Битола.

По основното училиште, се упатуваме кон вратите на средните училишта и гимназиите каде наставата се одржува само на македонски јазик и ова е голем предизвик за нас. Ние се обидуваме да бидеме еднакви со другите во сосема необично и ново опкружување. Особено, првата година е многу комплицирана и полна со препреки. Јас сум единствената во класот, единствената ученичка Албанка дури и во генерацијата. Во ниту едно средно училиште во Битола нема часови на албански јазик. Толку ми е жал што немам албански јазик како предмет во моето образование“-рече Бесона Јусуфи, ученик на СОУ „Јосип Броз Тито“ Битола.

Пред разните предизвици, Бесона дава сè од себе за да го зачува и негува албанскиот јазик. Таа веќе има напишано десетици прозни дела и песни на различни теми.

 Гледам да дадам се од себе за да го зачувам албанскиот јазик и никогаш да не го заборавам. Имам понатамошни планови за албанологија и се надевам дека оваа желба ќе ми биде исполнета. Прочитав и многу дела на албански. Омилени ми се Исмаил Кадаре и многу други албански писатели и албанска ренесанса. Читам и современи албански поети што ме охрабруваат да продолжам да пишувам уште повеќе“-изјави Бесона Јусуфи, ученик на гимназијата „Јосип Броз Тито“, Битола.

Судбината на Бесона ја доживуваат многу други ученици. Во отсуство на образование на албански во нивните населени места, тие се принудени да учат на македонски јазик или да се преселат во други градови за да учат на мајчин јазик. Битолскиот конгрес или Конгресот на азбуката, се одржа во Битола, помеѓу 14 и 22 ноември 1908 година, каде што се случи обединувањето на азбуката на албанскиот јазик, кој денеска се користи.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button