ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Се зголемува бројот на поплаки за дискриминација

До канцеларијата на Народниот правобранител лани стигнале поголем број на поплаки за дискриминација. Во 2022 биле поднесени 76 односно над 30 повеќе од претходната година, соопшти народниот правобранител Насер Зибери.

Тој на 28 февруари присуствуваше на отворање на конференцијата „Дали Република Северна Македонија е фер земја? Како институциите заеднички да ја унапредат борбата против дискриминацијата?“ во организација на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Бројот и видот на претставки загрижува вели тој, оти не само Народниот правобранител, туку вакви претставки добива и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД).

Според пристигнатите претставки и оние што Народниот правобранител ги отворил по сопствена иницијатива, најбројни се во областа на работа и работни односи, потоа пристап до други услуги, правосудство и управа, домување, образование, наука, спорт, социјална сигурност итн.

Правобранителот посочи и дека Владата и Собранието, кои ги поддржуваат овие национални тела за заштита на човековите права, постојано ги кратат нивните буџети, а тоа се одразува на нивното функционирање и не придонесува за позитивни резултати.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button