ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Цените на нафтата паднаа за околу 4 отсто минатата недела

Цените на нафтата на светските пазари минатата недела паднаа за околу 4 отсто, по значителниот раст претходната недела, бидејќи трговците очекуваат забавување на растот на американската економија, а со тоа и на побарувачката за „црното злато“. Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела падна за 3,9 отсто, на 83 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 4,2 отсто, на 76,34 долари.

Цените изгубија голем дел од добивката од претходната недела, кога пораснаа за околу 8 отсто откако Русија објави дека ќе произведува 500 000 барели дневно помалку нафта во март, или околу пет отсто од вкупното производство. Но, минатата недела беше објавено дека руските производители проценуваат дека нема да го намалат извозот и покрај најавата на владата.

Цените на нафтата беа под притисок минатата недела, главно поради тоа што стана сè појасно дека американската централна банка ќе продолжи да ги зголемува клучните каматни стапки за да ја спречи инфлацијата. Тоа, секако, ќе го забави растот на најголемата светска економија, а со тоа и побарувачката на нафта.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button