МАКЕДОНИЈА

Седум лица ја напуштиле државата, а имале решенија за карантин

Седум лица од кои едно малолетно ја напуштеле државата и покрај решенијата за карантин. За постапките може да се соочат со кривични пријави.

Advertisements

Од СВР Тетово информираа дека вчера полициските службеници извршиле проверка по однос на решенија издадени од Државен санитарен и здравствен инспекторат за изречени мерки домашна изолација на лица и домашно лекување и самоизолација.

-Притоа, М.С.(38) од Тетово, малолетно 16-годишно лице од Мала Речица, И.Р. од Жеровјане, А.Ј. (44) од Гостивар, С.З.(38) од Неготино-Полошко, Х.Х.(29) од гостиварско Сенокосе, С.М.(26) од гостиварско Врапчиште и А.И.(21) од гостиварско Дебреше не ги почитувале издадените решенија. Тие ја напуштиле државата и постапиле спротивно на член 206 од Кривичниот законик, наведуваат од СВР Тетово.

Исто како и во претходните случаи кои беа регистрирани деновиве, по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button