ВЕСТИСПОРТФУДБАЛ

На Англичаните им претстои казна? УЕФА разгледува три контроверзни ситуации

Репрезентацијата на Англија ја победи Данска во полуфиналето на Европското првенство, но се чини дека тоа нема да помине без последици.

Тие се соочуваат со казна за три изолирани инциденти.

Како прво, заради ласерот што навивачите го насочија кон лицето на Каспер Шмајхел за време на пеналот изведен од Хари Кејн.

Понатаму, Англичаните се товарат и за прекинување на данската химна, како и за активирање огномет на трибините.

Контролното тело на УЕФА треба да се состане што е можно поскоро и да го разгледа овој проблем. Тежината на казната што се заканува на изборот на „гордиот албион“ засега не е позната.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button