ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Седум лица затруени на базен во Охрид

Седум лица затруени на базен во Охрид

Седум лица, две од Охрид и пет од Скопје од кои две се малолетни се затруле од хлор во базен во хотел на брегот на Охридското езеро. Тие вчера како што соопштуваат од СВР Охрид го користеле затворениот хотелски базен по што пријавиле дека манифестирале знаци на труење со хлор. Притоа, во Општата болница во Охрид биле пренесени четири лица, додека во Општата болница во Струга биле пренесени три лица. За случајот се известени јавен обвинител, претставници на санитарна и здравствена инспекција, Центар за јавно здравје и трудова инспекција, а увид извршиле полициски службеници од СВР Охрид. Се работи на расчистување на случајот. /Алсат.мк

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button