ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Секретаријат за европски прашања нема преговарачки тимови

Во пресрет на конечната одлука за започнување преговори со Европската Унија и отворање на поглавја, и доближување на 100 – те дена од мандатот на оваа Влада, земјата сè уште ги нема преговарачките тимови. Секретаријатот за европски прашања се оправдува дека тие се во процес на прилагодување на овие тимови кон новата методологија за членство. Паралелно, според нив, се прават анализи во владата што ќе се користат за реорганизација и операционализација на преговарачката структура.

Секретаријат за европски прашања:

„Пресметката е дека во процесот на преговори во хоризонталната структура ќе треба да бидат вклучени 1.500 – 2.000 државни службеници и експерти од областа на поглавјата, но со оглед на искуството на другите земји, структурата ќе мора постојано да се зајакнува и дополнува. Ова секако е исто така поврзано со новата методологија на преговорите за членство. Оттука, произлезе неопходната потреба за разгледување на одлуките и соодветно прилагодување на механизмите за координација за спроведување на овие преговори“.

И покрај големиот медиумски интерес, Секретаријатот за европски прашања, и за време на последниот мандат, не кажа што го попречува формирањето на овие тимови. Иван Стефановски од „Евротинк“ вели дека веќе треба да се знае кои лица ќе бидат поставени на клучни позиции за време на преговорите.

Постигнувањата на Секретаријатот во првите 100 дена од мандатот, велат дека детално ќе ги презентираат пред Владата, но се горди на успешното подготвување на програмата ИПА 3, АФ 2021 и 2022 година и дека ја разгледале единствената листа на проекти во секторите транспорт, енергија, животна средина, дигитална и социјална трансформација. Во Собранието, дури и по пет месеци од изборите, сè уште не е формиран Националниот совет за евроинтеграции, што е важно тело за следење на процесот на интеграција на земјата. Во Извештајот на ЕК се бараше продолжување на спроведувањето на законите по нивното усвојување. Пред сè, се бараше бескомпромисна борба против корупцијата, административни реформи, измени и дополнувања на Изборниот законик и ефективни политики за заштита на животната средина.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button