ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Поради Бучковски, судир во СДМС

По назначувањето на Владо Бучковски за специјален претставник на Владата за спорот со Бугарија, бугарските медиуми го цитираа Бучковски кој има изјавено дека, „Македонците и Бугарите се еден народ во две држави“. Ова предизвика судири меѓу социјалдемократите. Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски го опиша ставот на Бучковски како предавство и обид да се замени идеологијата со клиентелизам, лојалност и интриги.

„Обидите низ мала врата да се пласираат теории дека е прифатливо за бугарската страна дека македонскиот народ постои од 1944 година, е само доказ на тезата дека сме вештачки народ. Овие изјави се против македонските национални интереси и позиции истовремено се против Уставот и неговата Преамбула, која се повикува на актите на Крушевското востание, АСНОМ и референдумот во 1991 година“-изјави Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово.

Министерот за внатрешни работи рече дека оценките на Димитриевски се лични.

Премиерот Зоран Заев го опиша Бучковски како „движечка сила“, односно промотор на спроведување на обврските што произлегуваат од договорот од 2017 година, велејќи дека дури и ако земјата не ги започне сега преговорите поради бугарското вето, барањето компромис ќе продолжи.

Со поддршка на Бучковски излезе и претседателот Стево Пендаровски. Од неговиот кабинет за Алсат велат:

„Претседателот Пендаровски оценува дека со оглед на важноста на македонско – бугарскиот спор, сите напори за решение се добредојдени. „Со оглед на сложеноста на спорот, очекувам да бидат заштитени државните и националните интереси и истовремено да бидат преземени сите можни чекори со надлежните државни институции што ќе овозможат почеток на преговорите за членство во ЕУ.“ се вели во соопштението од кабинетот на Пендаровски.

Анеса Салиху

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button