МАКЕДОНИЈА

Села: Нема пореметување во редовите на Алијанса

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, поканет на „Патот кон“ на Алсат, ги демантираше гласините за поделеност во редовите на неговата партија. Тој во оваа прилика се осврна на односите со актуелниот градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари, нагласувајќи дека понекогаш имаат различни мислења и дека тоа е дел од демократијата.

Advertisements

„Од 2017 година ги делат Арбен и Зиадин и продолжуваат, истата логика е, истата кујна ги подготвува овие работи, но во секој случај имаме одлични партиски односи. Не е дека секој пат се согласуваме, туку дебатираме, не само со Арбен туку и со сите членови на блиското раководство и пошироко. Се разбира, овие моменти ги прават политичките субјекти уште позрели и поорганизирани и ги прават уште посилни“, изјави Села.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button