ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Села: Парламентарното мнозинство треба да си обезбеди кворум

Првиот човек на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, во вечерашното гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, изјави дека е должност и обврска на мнозинството да си обезбеди кворум на седниците. Сепак, Села рече дека пратениците од коалицијата Алијанса-Алтернатива, кога и да оценат дека станува збор за интереси на граѓаните, учествуваат на седницата и овозможуваат донесување на предметните закони.

„Мнозинството има должност да обезбеди мнозинство, ние од друга страна бевме прилично конструктивни секогаш кога беше потребно за одлуки за кои сметаме дека треба да имаат корист граѓаните, или од мерките во случај на криза, или од ребалансот на буџетот итн. Секогаш кога имало потреба од такви работи, ние бевме таму како политичка партија да создадеме можност за гласање со присуство на 61, за да им овозможиме да поминат, како ребаланс на буџетот и други работи“, рече Зијадин Села.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button