ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Села: Живеам со совеста дека човекот што ми го спаси животот е неправедно в затвор

Денеска го посетив единствениот невин човек од настаните на 27 април, рече лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, на својата прес конференција одржана пред затворот во Идризово.
Единствената негова вина е тоа што јас денеска сум жив, рече Села и додаде:
„Јас сум му многу благодарен за тоа, многу му е благодарно и моето семејство и бев тука во знак на благодарност. Живеам секој ден со совеста дека човекот кој ми го спаси животот е во затвор, неправедно“, рече Села.