МАКЕДОНИЈА

Селами: 6 лица се обидоа да се регистрираат со IP адреси од Македонија

Во текот на вчерашниот ден, кога започна процесот на регистрација на дијаспората, забележани се 6 обиди за регистрација со ИП адреси од Македонија, што според заменик-директорот на Државниот завод за статистика, Илми Селами, било откриено и веднаш тие лица се отстранети од системот. Селами во „емисијата 200“ на Алсат, ги отфрли тврдењата на опозицијата дека власта во некоја форма им се заканува на граѓаните да се вклучат во процесот на регистрација. Тој рече дека опозицијата тоа го сторила од политички причини и дека тие ги информираат граѓаните само за законската обврска во процесот на попис, како и да ги потсети дека секој обид за кршење на овој процес е казнив со закон.

„Можеби имало обид за влез во системот од Македонија, но не повеќе од 6. Тоа значи дека од овие 6 обиди, наводно, четири биле успешни, но ние апсолутно ги избришавме од системот и овие 6 не се сметаат во овој број што го реков (11.149). Повеќе од јасно е и нема потреба да се збунува јавноста. Јас разбирам дека опозицијата е заинтересирана за постигнување политички поени, но не разбирам како тие сакаат да постигнат политички поени преку процес како што е попис. Не разбирам каде е она што тие велат дека се закануваме. Ние велиме – да се попишете дека тоа е граѓанска и правна обврска и велиме – внимавајте да не направите прекршок оти станува збор за кривично дело“, рече Селами.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button