МАКЕДОНИЈА

Левков: ВМРО-ДПМНЕ ниту повикува ниту апелира на бојкот на пописот

ВМРО-ДПМНЕ ниту повикувала на бојкот на пописот ниту пак, апелира за бојкот, вели пратеникот Миле Левков, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во своето вечерашно гостување во емисијата „200“ на Алсат. Како што вели тој, тие ќе стореле сѐ што можат за да спречат евентуални обиди за бојкот на пописот.

„Меѓутоа, кога ќе почне попишувањето, ако го тераат така како што го тераат, ние ќе го следиме процесот на попишување, меѓутоа, нема да го бојкотираме“, вели Левков.

Но, за што тогаш баравте потписи од граѓаните?

„Од граѓаните баравме една поддршка којашто ќе ни служи како аргумент пред власта дека за да има еден кредибилен процес потребен е консензус во општеството. За да знае власта дека тоа не се само неколку пратеници, дека тоа не е изолиран глас“, одговори Левков.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button