СПОРТФУДБАЛ

Сенегал во финалето на Африканскиот куп на нации

Сенегал е првиот финалист на Африканскиот куп на нации. Тие триумфираа со резултат 3-1 против Буркина Фасо во натпреварот одигран во средата. Сите четири гола на натпреварот беа постигнати во вториот дел од натпреварот.

Advertisements

Првиот гол за Сенегал го постигна Диало во 70. минута, по што следеше голот на Гује, кој шест минути подоцна погоди за 2-0. Буркина Фасо реагираше со гол за 2-1 во 82. минута преку Турес, но Садио Мане ја врати предноста од два гола, во 87. минута и со тоа го запечати конечниот резултат на натпреварот.

Другото полуфинале е она меѓу Камерун и Египет, кое се игра во четврток со почеток во 20 часот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button