ВЕСТИРЕГИОН

Сепак носел бомба – Завршена истрагата на дронот што падна во Загреб

Завршена е истрагата на воениот беспилоттен авион кој пред повеќе од еден месец се урна во Загреб.

Синоќа Нова ТВ објави дека леталото е модифицирано и дека носел бомба. Како што наведоа, во леталото наместо камера имало поставено бомба. Жупаниското државно обвинителство во Загреб издаде наредби за вршење на повеќе видови вештачења, а беше побарано и мислење од воздухопловната техничка струка.

Загрепското жупаниско државно обвинителство денеска претпладне ќе одржи прес-конференција на која ќе ги соопшти резултатите од истрагата за падот на дронот, кој на 10 март остави голем кратер во близина на студентскиот дом Стјепан Радиќ во Загреб.

Се очекува на јавноста да ѝ бидат прикажани деловите кои се пронајдени и сѐ што останало од бомбата. По ова треба да се расчистат засега неофицијалните информации дека се работи за 40 килограми експлозив и што точно експлодирало.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button