ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сепак, во автобусот имало 45 жртви, бугарските обвинители стигнаа во Скопје

Adnan Qaili

Advertisements

Во остатоците на автобусот било пронајдено уште едно тело. Четири дена по трагедијата и два дена по обдукцијата на загинатите, бугарското обвинителство се демантира себеси. Само еден ден претходно беше наведено дека има 44 жртви и 8 преживеани, но бугарското обвинителство денеска излезе со став дека е пронајдена и 45-та жртва, отстранувајќи ги сомнежите за исчезнатиот 8-ми патник. Тоа го потврди и нашиот главен обвинител Љубомир Јовески.

Иако не е директно вклучено во истрагата, обвинителството во Македонија помага во процесот на собирање докази. Според Јовески, освен едно лице, никој не споменува дека имало 8 преживеани.

Денеска бугарските обвинители пристигнаа во Скопје за да земат ДНК примероци од семејствата на жртвите за потребните анализи, како и досиејата за четирите автобуси со списоци на патници од „Беса транс“.

 Од Јавното обвинителство не демантираат дека во текот на истрагата ќе бидат сослушани и патници од другите три автобуси, возачи и сопственици на компанијата „Беса транс“. Во меѓувреме, немањето извод од лиценци за автобусите и други пропусти на бугарските и македонските институции при меѓународниот патнички превоз, ќе бидат трага за истрага за корупција и организиран криминал.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button