ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Инспектори неколку часа вршеа претрес во канцелариите на агенцијата Беса Транс во Скопје

Adrian Kerimi

По наредба на Обвинителството, инспекторите на МВР ги отворија вратите на агенцијата Беса Транс во Скопје.

Не се знае што одзеле од канцеларијата, но на излез инспекторите се видени со документи во рака. По проверката, повторно беа ставени катанците на влезните врати.

Обвинителството не ја открива целта на вториот претрес, но министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека Јавното обвинителство постапува секаде каде што ќе најде докази кои можат да користат на истрагата, но без да наведе дали е извршен претрес и во куќата на сопственикот на компанијата.

Новинар: Инспекторатот беше во канцелариите на „Беса Транс“, но дали во моментов има контрола од полицијата во куќата на сопственикот на фирмата?

Полициската акција доаѓа четири дена по трагедијата во Бугарија каде животот го загубија 45 лица, меѓу кои 12 деца. Од тој ден вратите на оваа агенција беа затворени, а често имаше и членови на семејствата кои доаѓаа да побараат информации за нивните роднини.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button