ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Трагедија; Автобусот со лажна лиценца

Mefail Ismaili

Автобусот на фирмата „БЕСА ТРАНС“, кој изгоре во Бугарија немал извод од лиценца за сообраќај, а границата ја поминал со лиценца на друг автобус на оваа компанија. Потврдата дојде од министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој вели дека сопственикот не го пријавил овој автобус ниту пак побарал лиценца од министерството. Според министерот, возачите на автобусот не биле во работен однос во оваа компанија.

Бочварски рече дека на „Беса Транс“ и е одземена лиценцата, а целокупната документација е доставена до обвинителството да го истражи случајот. Од друга страна, министерот за внатрешни работи изјави дека изгорениот автобус во Бугарија, од 2020 година сообраќал во странство без дозвола.

Спасовски додаде дека против „Беса транс“ се поднесени четири кривични пријави во 2020 година и четири во 2021 година, за непочитување на антиковид мерките и се поцесирани во судска постапка. Прашани за одговорноста за овој случај, министрите Бочварски и Спасовски рекоа дека тоа ќе го покаже истрагата и надлежните органи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button