СПОРТ

Сер Алекс Фергусон, е нов сопственик на најскапиот тркачки коњ во Англија

Легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон, е нов сопственик на најскапиот тркачки коњ во Англија, јавија медиумите на Островот. Коњот со име Колдвел Потер е најскапиот коњ за лов во оваа земја, а истиот беше купен на јавна аукција. За него беше исплатена рекордна сума од 633 илјади фунти, што претставува апсолутен рекорд во Англија.

Новите сопственици доаѓаат од партнерска компанија на Манчестер Јунајтед, а меѓу сопствениците се наоѓа и името на Алекс Фергусон. Славниот шкотски тренер одамна е во спортска пензија, но неговата страст за коњичките спортови не згаснува.

Новата аквизиција се очекува да биде главен адут за освојување на престижниот „Златен Куп“ во Челтенхам и би требало малку да го поправи расположението на Фергусон, кој беше тажен по смртта на неговиот најперспективен коњ, Хермес Ален.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button