ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сезонскиот грип е во пораст, тројно го зголемува бројот на заболени – најпогодени деца

Новинар: Вјолца Алити

Тројно се зголемил бројот на деца погодени од респираторни инфекции. Педијатрите предупредуваат дека во последните недели нивните ординации се преполни со деца, кои во најголем број случаи ги имаат истите симптоми, кашлица, треска и изнемоштеност. Според нив, најпогодени се децата од 1 до 15 години, а често симптомите не може да се разликуваат дали се работи за корона вирус, респираторни заболувања или сезонски грип.

„Ова е период на сезонски грип, но ние сме во пандемија и не сме сигурни точно за каков тип на инфекција се работи. Но, точно е дека имаме зголемен број на деца со симптоматологија на респираторни заболувања. 2:30 За жал, за повеќето случаи не се земаат брисеви и повеќето деца се лекуваат од респираторни заболувања. 8:03 Препораката за сите родители е да избегнуваат места каде има многу луѓе, да не ги праќаат болните деца во градинки или училишта бидејќи тие се извор на инфекција. Многу е важно болните деца да бидат дома, бидејќи треба да се лекуваат во домашни услови“, вели Сани Бајрами, педијатар

Во текот на изминатата недела Институтот за јавно здравје регистрираше 100 потврдени случаи на сезонски грип, од кои 47 се кај деца на возраст од 0 до 14 години.

„Во текот на сезоната 2021-2022, вкупниот број на заболени од сезонски грип е 509. Што е за 2,3 пати повеќе во однос на истиот период лани. Најголем број на погодени е регистриран на територијата на градот Дебар. Најмногу заразени има кај децата на возраст од нула до 4 години“, вели Институт за јавно здравје

Во овој период ширум светот се предвидуваше висока застапеност на сезонскиот грип, со оглед на фактот дека пред една година сезонскиот грип воопшто го немаше, а организмот го нема стекнато потребниот имунитет за борба против сезонските вируси. /Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button