ВЕСТИЕКОНОМИЈА

„Курцшлус“ меѓу ЕВН Хоум и Владата околу струјата за догодина

Владата не сака да открие дали пропаѓањето и на четвртиот тендер на ЕВН Хоум е поради голем недостиг на електрична енергија. Наместо за 12, од државната ЕСМ им изготвија понуда за домашна струја само за шест месеци, со што тендерот вчера пропадна. Од владата тврдат дека тоа се случило бидејќи ЕВН Хоум им побарал струја само за толкав период.

„Договорите за снабдување меѓу АД ЕСМ и Универзалниот снабдувач никогаш не биле годишни. Почнувајќи од 2019 година од кога настанала обврската по Законот за енергетика, договорите за снабдување се склучуваат на шест месеци“, велат од Владата.

Но, од ЕВН Хоум не велат така. Тврдат – на четвртиот тендер важеле истите услови како и на останатите три претходни, односно побарале струја за 12 месеци. Од оваа компанија за Алсат велат дека на претходните тендери Владата немала забелешки за содржината, туку едноставно немале одредена цена за струјата.

„За наредната година, според планирањата на ЕВН Хоум, најповолно беше да се набавуваат количини за 12 месеци, наместо 6 месеци и согласно тоа се објави и последниот Јавен повик. Овој Јавен повик ги имаше истите предуслови уште од првата објава пред да се одложи или пропадне“, наведоа од ЕВН Хоум.
Со ова, нејасно е зашто Владата направила понуда за шест месеци, кога знаела дека треба да достави понуда за цела година? Од Регулаторната комисија за енергетика ја смируваат јавноста. Очекуваат дека следниот тендер ќе биде успешен.

„…Најбитно од сè е дека ЕСМ ќе обезбеди 100 отсто од потребите на домаќинствата и малите потрошувачи“, рече Марко Бислимовски претседател на РКЕ.

Извори од енергетскиот бизнис за Алсат тврдат дека иако владата најавува дека 100% ќе ги покрие потребите на ЕВН Хоум за догодина, засега државните електрани не се во кондиција да го испорачаат тоа.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button