МАКЕДОНИЈА

Шаќири: Наша цел е да ја подобриме правната рамка во согласност со оние на ЕУ

Министерството за информатичко општество и администрација информира дека во тек се активности за подобрување на правната рамка во однос на конкуренцијата во медиумскиот сектор и дека во тек е усогласувањето со законите на Европската унија (ЕУ).

– Фокусот е на подобрување на правната рамка поврзана со конкуренцијата во медиумскиот сектор со цел да се развие и да биде економски одржлива, како и зајакнување на правната и социјалната заштита на новинарите, и нивните работнички права. Наша цел е да ја подобриме правната рамка во согласност со правото на ЕУ и меѓународните стандарди, со што ќе овозможиме поволна средина за слобода на медиумите и слобода на изразување, информира министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири.

Тој додава дека особено ќе се фокусираат на фундаментална заштита на слободата на изразување, конкуренција и одржливост на медиумскиот пазар, работни односи и социјална заштита на новинари и медиумски работници, онлајн медиуми и нови платформи, финансиска и уредувачка независност на радиодифузерот, независноста и ефективноста на регулаторното тело за медиуми, социјална инклузија, државно финансирање и поддршка за медиумскиот сектор, комерцијално влијание врз уредувачката содржина, проблеми со авторските права, медиумски пристап за малцинствата и ранливите групи.

– Сите овие процеси ќе се спроведат во широка консултација со засегнатите страни, преку Националниот совет за реформи во медиумите што се воспоставува, нагласува министерот Шаќири.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button