ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Шаќири: Немаме рецензенти за новите учебници

Веќе има конкурси за пишување учебници за следната година, како и повик за рецензенти кои ќе оценуваат дали учебникот се совпаѓа со наставната програма, вели министерот за образование и наука Јетон Шаќири во „Студио 10“ на ТВ 24.

Токму во делот на рецензентите, Шаќири вели дека МОН има најмногу проблеми зашто или не се јавуваат или се откажуваат.

„За мене нема ништо спорно во учебниците по историја. По онаа јавна дискусија за содржинските грешки во дел од учебниците, интересот на рецензентите е никаков“, вели Шаќири.

Тој додава дека авторските тимови сега се составени од еминентни професори, но нема рецензенти кои треба да ги поминат.

Според него, проблемот со немањето рецензенти може да се реши со законски измени и БРО да повика експерти кои ќе ги разгледуваат учебниците.

„Грешки во учебници имало отсекогаш и ќе ги има. Но, професорите и наставниците реагираат и им кажуваат на учениците во кој дел од учебникот треба да се направи измена“, вели Шаќири.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button