ЗАБАВАМЕТРОПОЛ

Три хороскопски знаци со најмоќна интуиција: Нив тешко ќе ги излажете

Издвоивме три хороскопски знаци за кои велат дека никогаш не треба да ги лажете затоа што најверојатно на своја кожа ќе ја почувствувате вашата постапка.

Шкорпија

Шкорпиите имаат изразено чувство речиси за сѐ. Тие како точно да знаат што мисли секој за нив и затоа доволно е да им упатите само еден поглед. Сѐ доживуваат длабоко и имаат способност да препознаат што е следното што доаѓа. Свесно го преземаат ризикот, баш поради тоа што имаат чувство каков ќе биде исходот.

Шкорпиите сакаат возбудување и акција, па поради таа причина некогаш не ги слушаат своите добри чувства, а причината најчесто е љубовта.

Стрелец

Кај Стрелците интуицијата понекогаш е тивка додека не воспостават мир сами со себе. Тогаш можат целосно да се опуштат и веруваат во своето добро чувство. Интуицијата им е поврзана со внатрешното задоволство, па доколку не го најдат, интуицијата можеби нема да биде доволно развиена за да покаже опасност или вистинска работа.

Стрелците се толку интуитивни што не треба ни да се обидувате да ги излажете.

Риби

Рибите се луѓе со моќен дух и визии, па често им се случува да сонуваат работи кои им укажуват на нешто, на пример на некој важен настан којшто ќе следи.

Некои од тие работи често и се остваруваат. За Рибите важен е внатрешниот мир, како и задоволството, а тоа прераснува во интуиција која ги води кон она што го претчувствуваат. Мотото им е „јас чувствувам“, што ја опишува нивната способност и изразена интуиција.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button