ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Шаќири ветува повисоки плати во ДИЦ од Нова година

Од следната година ќе има можност за зголемување на платите во Државниот испитен центар (ДИЦ), рече министерот за образование Јетон Шаќири во гостувањето на ТВ 24 во однос на штрајкот на оваа институција.

Посочи и дека не е во ред кога некој во јавноста сака да стане популарен и да блокира 500 наставници.

На ова, своја реакција испрати и Синдикатот на ДИЦ. Му порачаа на Шаќири дека сериозен политичар не смее да си дозволи да ја исмева борбата на вработените за достоинствена плата за егзистенција , нарекувајќи ја, како што велат, желба за популарност.

„Точно е дека седум месеци се дискутира со Државниот испитен центар, но точно е и тоа дека имаме нов општ колективен договор, имаме нови одлуки од страната на Министерството за финансии и имаме забелешки од Меѓународниот монетарен фонд како начин на покачување на плати. Мислам дека со месец јануари, со постапките или новиот Закон за извршување на Буџет, директорката на ДИЦ ќе има простор на тие што работат и тие што се вклучени или на сите вработени да им се понуди повисоки плати од постоечките плати што ги имаат во овој период“, посочи Шаќири.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button