СПОРТФУДБАЛ

Шалке во финансиска криза, Чурлинов сигурно заминува од Гелзенкиршен

Германските медиуми најавуваат дека во договорот за позајмица на Дарко Чурлинов има клаузула за откуп во висина меѓу два и три милиони евра (во зависност од игрите на Чурлинов во овој период). Сепак, „сино-белите“ од Гелзенкирхен се наоѓаат во катастрофална финансиска состојба и нема да имаат повеќе од два милиони евра буџет за засилувања во текот на целиот преоден рок, така што е јасно дека нема сите пари да ги потрошат само на еден фудбалер.

Останува да се види каде ќе заврши Чурлинов, Барнли е на добар пат да испадне од Премиер-лигата, па ако си заминат дел од скапите фудбалери македонскиот репрезентативец би можел да добие шанса од тренерот Компани во Чемпионшип-Дивизијата.

Како опција останува и ново враќање во Германија, каде зимава интерес за нашиот интернационалец покажаа Фортуна Дизелдорф и Сент Паули. Едно е сигурно, престојот на Чурлинов во Шалке 04, по завршувањето на оваа сезона е „невозможна мисија“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button