МАКЕДОНИЈА

Шарл Мишел: Имаме потреба од Западен Балкан и Западен Балкан има потреба од нас

Ние имаме потреба од Западен Балкан и Западен Балкан има потреба од нас. Потребно е да го ревитализираме процесот на проширување, порача претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел, претставувајќи ги заклучоците од последниот состанок на Советот на ЕУ, одржан на 23 и 24 јуни во Брисел, јави дописникот на МИА.

– Ние треба да го ревитализираме процесот на проширување. Поради тоа се одржа состанокот со лидерите на земјите од регионот пред Советот на ЕУ. Дебатата беше отворена, искрена и остра со шефовите на државите и владите на овие земји, рече Мишел.

Тој напомена дека отворањето на преговорите за членство со Северна Македонија и со Албанија е приоритетно.

– Бугарската влада го подигна ветото за Северна Македонија. Вчера имаше делегација во земјата за да се фаворизира процесот на пристапување на оваа земја, рече Мишел.

Тој се заблагодари на француското претседателство за постигнатиот напредок во однос на ова прашање и нагласи дека е потребен напредок во мултилитерални и билатералните спорови.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button