Шест години од настаните во Куманово

Пред шест години жителите на Куманово ги разбуди звукот на огнено оружје во „Дива Населба“ меѓу полициските сили и вооружена група дојдена од Косово. Ова населба веќе се врати во нормала, но сомнежите за овој случај сè уште не се расчистени. Опозицијата од редовите на Албанците вели дека станува збор за монтиран политички, судски и полициски процес.
„Владата на СДСМ – ДУИ не презеде никакви конкретни чекори за иницирање на независна меѓународна судска истрага, што и беше предизборно ветување на премиерот Зоран Заев. Додека ДУИ како дел од тогашната влада со ВМРО – ДПМНЕ, денес дел од коалицијата со СДСМ има директна одговорност што дозволи да се одвива таков процес каде што животот го загубија невини луѓе од обете страни, а многу Албанци беа осудени на доживотен затвор. До денес не разбравме зошто се случи случајот „Куманово“ и кој е нарачател на овој настан што заврши со жртви и како случај ги разниша етничките односи меѓу Албанците и Македонците“, наведуваат од Алијанса за Албанците.
Адвокатот Насер Рауфи се надева дека со помош на меѓународната заедница ќе се расчисти вистината за овој случај.
„Ние сме 15 адвокати во овој кривичен предмет и нашето барање беше конкретно во жалбата што ја поднесовме пред Апелациониот суд, но исто така и во оваа жалба што ја поднесовме до Врховниот суд, ја баравме истата работа неколку пати, бараме меѓународниот фактор да биде вклучен во овој случај и да придонесе за да излезе правдата на виделина за овие осуденици“, вели Рауфи.
Во вооружениот конфликт на 9 и 10 мај 2015 година во Куманово, животот го загубија осум полицајци и 10 припадници на вооружената формација повикани во име на ОНА. Десетици домови беа изгорени и целосно демолирани, додека стотици жители беа евакуирани. Под обвинение за „тероризам“ и „терористичка организација“, скопскиот Кривичен суд осуди 33 лица, а ослободи четири од нив. Седум лица беа осудени на доживотен затвор, 13 лица на 40 години, девет лица на 12 години, додека други на 13, 14 и 18 години. Од осудените, 19 се косовски државјани, додека другите се од Македонија. Премиерот Зоран Зааев, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села и лидерот на движењето Беса, Билал Касами, ветија истрага со меѓународна помош. Во Косово, потребата за таква истрага ја истакнаа премиерите Албин Курти и Рамуш Харадинај.
Алсат