ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Шест години затвор за екс-шефот на кабинетот на Сашо Мијалков

Екс началникот во УБК, Тони Јакимовски кој воедно беше и шеф на кабинет на Сашо Мијалков е осуден на шест години затвор. Неговиот колега од службата доби четири годишна затворска казна. Виновни се зошто од касата за посебни намени на тајната полиција, неосновано подигнале 820 илјади евра од 2007 – ма до 2017 – та година. Земените пари се правдале но потоа по наредба на Јакимовски, документите биле уништени.

„За судот не е спорен начинот на водење на евиденција за внесените и потрошените парични средства за потребите на УБК, односно неспорно е дали евиденцијата се води рачно или по електронски пат, туку суштината е во фактот што писмената евиденција за потрошените парични средства за оперативни намени е незаконито уништена“, рече судијата Владимир Туфегџиќ.

Судот донесе и ослободителна пресуда, за службеничка од УБК. Немала вина.. Извесно е дека за ослободителната пресуда Обвинителството за организиран криминал и корупција ќе се жали до Апелација.

„По однос на изречените казни за обвинетите можам да кажам дека истите се задоволителни, но сепак морам да ја видам првостепената пресуда и да видам точно судот кои околности ги ценел“, рече Ивана Трајчева, Обвинителство за организиран криминал.

Осудените сега имаат право на жалба пред Апелациониот суд. На првото рочиште од овој процес, вина призна првообвинетиот службеник во УБК, кој доби три години затвор.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button