ВЕСТИСВЕТ

Тешка ноќ во Нагорно Карабах, продолжуваат гаранатирањето и меѓусебните обвинувања

И ерменската и азербејџанската страна известуваат дека во текот на ноќта е прекршено примирјето и гранатирани се гранични места, како резултат на што загинале цивили, а нанесена е материјална штета на воената и цивилната инфраструктура.

Според најавите на Министерството за одбрана на Азербејџан, во текот на ноќта имало конфликти, во различни насоки на фронтот, главно без учество на тешка воена опрема. Како што се наведува, контраофанзивата на азербејџанската страна била извршена по нападот на ерменската страна, а на целата територија на фронтот ѝ биле нанесени тешки удари на армијата Карабах.

Од друга страна, според изјавите на официјален Ереван, азербејџанската страна ги гранатирала населените места во кои живеат Ерменци, а еден цивил им подлегнал на повредите.

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев изјави дека главната цел на Баку во преговорите за Нагорно Карабах е Ерменија да се согласи на ослободување на спорната територија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button