ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Шестоодделенците ќе учат со нов концепт

Децата кои во наредната учебна 2023/24 година ќе бидат ученици во шесто одделение за прв пат ќе одржуваат настава според новиот концепт.
Историја нема да се изучува, а географијата ќе биде интегрирана во природните науки заедно со предметите хемија, физика и биологија.

Новиот концепт предвидува да се интегрираат предметите Техничко образование и информатика, а Етика на религиите целосно да се укине како предмет.

Но, образовните програми засновани на новиот концепт беа критикувани од Граѓанската иницијатива „Книги и лекции мора да има“, со образложение дека институциите свесно ги уништуваат учениците и образованието воопшто.

Според Бирото за развој на образованието, интегрираните предмети по природни науки имаат 3 часа неделно или вкупно 108 часа во учебната година. Техничко образование и информатика имаат 2 часа неделно или вкупно 72 часа. За реализација на овие предмети, новиот концепт предвидува снабдување на училиштата со различни и бројни материјали како компјутери, таблети, и материјали за лабораториски експерименти. Но, многу училишта во земјава, не само што немаат вакви средства и алатки, туку имаат проблеми со елементарни услови и соодветна инфраструктура.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button