МАКЕДОНИЈА

Шилегов: ДУП-от е веќе донесен, ниту јас ниту Беџети не можеме сами да одлучуваме за Треска

Деталниот урбанискитчки план за просторот кај езерото Треска е веќе донесен и тоа што моментално се случува таму веројатно е негова имплементација, вели во вечерашното гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

„Кога беа почнати разговорите додадовме како вредност Треска на извесен начин да стане државен проект, што значи дека ниту е моето право, како градоначалник на Скопје, ниту е на господинот Беџети да управува сам со тој систем, туку е државен интерес и она што се случува сега е реализацијата на Деталниот урбанистички план и мислам дека таму се на крај и разговорите со инвеститорите“, рече Шилегов.

Претходно општина Сарај побара сопствениците на приколки коишто со децении се поставени на земјиштето кај Треска, да ги тргнат од локацијата, што предизвика разни шпекулации околу тоа што би можело да се гради на местото кај езерото Треска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button