СПОРТФУДБАЛ

Шкендија се одлепи од ривалите

Шкендија се одлепи со шест бода пред своите ривали, Македонија Ѓорче Петров и ФК Шкупи, на едно коло до крајот на есенската сезона. Екипата од Тетово не знае за пораз во 17 одиграни кола од Првата фудбалска лига на Македонија, постигнувајќи четири последователни победи, без примен гол. Тренерот Ернест Ѓока, изрази задоволство од посветеноста на играчите, кои ги извршија сите задачи поставени од него. Следниот натпревар на Шкендија ќе биде против Пелистер во Тетово, на 16 декември.

„Ова е добар момент за тимот, и психички и физички, кога тимот ќе успее да победи на четири последователни натпревари во оваа фаза од шампионатот без да прими гол. Трката е таква, затоа мора да се прифати како што е. Но, треба да се истакне фактот дека игравме во многу добри услови и мислам дека играта, продуктивноста на играта и поседот на топка произлегуваат и од теренот што го имавме. Не чека последниот натпревар од оваа година и мораме успешно да го затвориме, да бидеме уште пофокусирани и да го добиеме и тој натпревар“, рече Енест Ѓока, тренер на ФК Шкендија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button