СПОРТФУДБАЛ

Шкендија убедливо ја потврди четвртата титула во домашната фудбалска елита

Екипата на Шкендија е шампион по четврти пат во Македонија, доминирајќи во домашниот фудбал. Новиот шампион има само два порази, забележувајќи најмногу победи оваа сезона – 22 и е најефикасен тим со 69 погодоци, постигнувајќи просечно по 2 гола по натпревар во овие 33 кола.

„Со овој трофеј му се заблагодаруваме на сопственикот на клубот Лазим Дестани и црвено-црната армија „Балистите“. За мене тоа значи што е можно повеќе трофеи, дека ќе бидеме посреќни и ќе се бориме до последен момент да имаме што повеќе трофеи и повеќе успеси во мојата кариера“, рече Егзон Бејтулаи, капитен на ФК Шкендија.

„Ова е мојот петти трофеј, но е посебен затоа што го добив со екипата на Шкендија во градот Тетово. Тим кој е знаме за сите албански тимови“, рече Ернест Ѓока, тренер на Шкендија.

Бесарт Ибраими е повторно најдобар стрелец во Првата лига, откако постигна 24 гола.

Црвено-црниот тим ќе игра во квалификациите од Лигата на шампионите, додека ФК Шкупи и Струга Трим Лум ќе се натпреваруваат во Лига Европа. Екипата од Струга е најголемото изненадување во нашиот фудбал, бидејќи успеа да обезбеди европски натпреварувања, само 6 години по основањето на клубот.

„Со оглед на пандемијата, не само ние во Македонија, туку и низ целиот свет, мислам дека сите натпревари беа добро организирани од Федерацијата, но и од клубовите. Како што знаеме, секој натпревар е организиран од клубот и мислам дека сите го организиравме и успешно го завршивме“, изјави Муамед Сејдини- претседател на ФФМ.

Во меѓувреме, Беласица и Вардар ја напуштаат Првата лига, додека Ренова и Силекс ќе играат бараж. Ждрепката за баражот ќе се одржи во вторник, кога ќе се дознаат противниците на Охрид и Тиквеш.

Махир Тачи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button