ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Топло и денеска, температурата ќе се искачи до 41 степен

Гевгелија и Демир Капија денеска ќе бидат со температура над 40 степени. Метеролозите најавуваат топлото време да продолжи и денеска во земјава, а од утре мало намалување на температурата која ќе достигне до 38 степени, но од четврток повторно се враќаат натпросечните температури кои ќе достигнат и 42 степени.

Максималната температура денеска ќе се движи од 28 до 41 степен, утре и во понеделник  од 30 до 38 степени, додека во вторник од 32 до 40, во среда од 33 до 41 и во четврток од 33 до 42 степени.

Поради топлото време надлежните апелираат да се почитуваат општите мерки за заштита од здравјето,  да се ослободат од работните обврски најранливите групи, вклучувајќи ги бремените жени, како и лицата на возраст над 60 години,  децата од градинките да не се изнесуваат на отворено од 11 до 17 часот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button