СПОРТФУДБАЛ

Шкендија засилена со Адонис Шала против Македонија Ѓ.П.

Екипата на Шкендија ќе брка враќање на победите во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), а тренерот Ардиан Нухиу ќе може да смета на важен првотимец.

По месец и пол пауза, во екипата се враќа крилото Аденис Шаља. Играчот кој има 24 години се повреди на тренинг, па повторно ќе може да биде во комбинација за настап по првото коло со Воска во Охрид.

Последниот збор околу тоа дали Шаља ќе игра, ќе го има тренерот Нухиу. Натпреварот меѓу Шкендија и Македонија ЃП се игра во недела од 15:00 часот во рамки на осмата рунда во ПМФЛ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button