СПОРТФУДБАЛ

Шкупи и Брера Струмица, ги почнаа подготовките за пролетниот дел

Македонскиот прволигаш Шкупи денеска го имаше првиот собир на стадионот Чаир, иако во некомплетен состав. Како што информираат од клубот, фудбалерите од христијанска вероисповед добија дополнителен ден одмор поради прослава на Божиќ, и тие од утре треба да се стават на располагање на стручниот штаб. Првиот дел од подготовките Шкупи ќе го реализира во својата база, а потоа ќе следи и заминување во Турција.

Од другата страна Брера Струмица ги отпочна подготовките за пролетниот дел од првенството кои ќе се реалзиираат во три фази. Првата во Струмица, втората во Турција во Анталија, додека последната повторно на свој терен во Струмица. Новиот шеф на стручниот штаб Бојан Круљ денеска го одржа првиот тренинг на кој на играчите им ја објасни динамиката на подготвителниот период, но и неговите очекувања за вториот дел од сезоната.

Од таборот на Брера заминаа неколку играчи а дојдоа и нови. Во меѓувреме подготовките за пролетниот дел од првеството, стратегот Круљ ги започна без Салваторе Рибаудао, Лео Антонио, Франко Нахуел кои на првиот состав ќе се приклучат наредниве денови. Инаку се очекуваат и понатаму нови засилувања. Струмичкиот прволигаш есенскиот дел од првенството го заврши на осмото место со вкупно 20 бода. По 18 првенствени кола има пет победи, исто толку нерешени исходи и осум порази.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button