РЕГИОН

Шолц: ЕУ е целосна само со Западен Балкан

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска на отворањето на Берлинскиот процес изјави дека ЕУ е комплетна само со Западен Балкан како нејзин дел.

Advertisements

Тој изјави дека сите знаат дека регионот на Западен Балкан се уште е обликуван од минатите конфликти и дека е време да се надминат и регионот да се сврти кон иднината, пренесе РТС.

„Затоа сакам да им порачам на нашите пријатели од Белград и Приштина – не дозволувајте минатото да ве одвлекува од патот кон мирна и просперитетна иднина. Сè уште сум убеден дека таа иднина е во ЕУ и дека постои само еден начин да се стигне до таму – целосно спроведување на договорите што веќе ги постигнавте“, рече Шолц.

Тој посочи дека се посветени на решавање на билатералните прашања во духот на соработката и мирните средства и дека тоа е она што го застапува Берлинскиот процес.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button