ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Штама“ од институциите по сомневањата за наместен конкурс за ректор на Тетовскиот универзитет

Нема конкретни мерки од Инспекторатот за образование и од МОН седум дена по објавувањето на конкурсот за нов ректор на Универзитетот во Тетово во кој се поставени дополнителни, односно критериуми за фаворизирање преку прекршување на Законот за високо образование. Поранешниот инспектор за образование Ѓорѓи Илиевски оваа постапка на тетовскиот државен универзитет ја оцени како незаконска и како анархија. Тој ги повика надлежните институции да не спијат, туку да го спречат ваквиот дискутабилен процес за избор на ректор.

Тетовскиот универзитет пред еден ден соопшти дека дополнителните критериуми ги поставил Сенатот, повикувајќи се на автономијата на универзитетите. Но, според Илиевски, автономијата не може да биде над или спротивна на Законот за образование.

Конкурсот беше отворен на 18 мај, а просветниот инспекторат немаше друг избор освен да истражи евентуални неправилности по службена должност. Инспекторите излегоа на терен дури по низата поплаки кои пристигнаа на адреса на Инспекторатот.

АЛСАТ го спореди конкурсот на Универзитетот во Тетово со оние на другите државни универзитети во С Македонија, „Свети Кирил и Методиј“, „Мајка Тереза“, „Гоце Делчев“ и „Свети Климент Охридски“. Сите, без исклучок, во целост го почитувале Законот и како критериум за избор на ректор стои дека кандидатот треба да биде редовен професор и граѓанин на С Македонија.

Ардит Рамадани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button