ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Штедење; Водовод потрошил двојно повеќе струја од лани

Владата се обидува со штедење да ја ублажи енергетската криза. Во септември државата заштедила околу 20 отсто од електричната енергија. Но, според седуммесечниот план за зимската сезона, не сите институции заштедиле струја од 15% споредено со септември минатата година. Некои претпријатија потрошиле дури и двојно поголема количина на струја, како што е „Водовод“ од Скопје. Министерот за економија Крешник Бектеши, најави санкции за оние кои не заштедиле струја.

Според извештајот, Министерството за локална самоуправа потрошило нешто повеќе од лани. Министерството за здравство заштедило 2%, а Министерството за администрација само 5%.

17 Државни компании заштедиле по околу 8%, колква е заштедата и на Министерството за надворешни работи и Министерството за одбрана. Собранието заштедило 29%.

Сите општини во земјава во текот на септември заштедиле 29 отсто електрична енергија. Од 81 општина, 25 од нив не го поминале прагот на штедење, на дното на листата се најдоа Арачиново, Гостивар и Свети Николе.

„Анализата покажува и дека вкупно 111 институции немаат потпишано договор за снабдување со електрична енергија и добиваат струја од крајниот снабдувач по многу повисока цена, односно 20% повеќе од цената на референтната берза. Најголем број субјекти кои се на слободниот пазар се основните и средните училишта, а потоа следат неколку министерства и јавни здравствени установи“, рече министерот Бектеши.

Владата донесе неколку мерки за заштеда на електрична енергија. Мерките од 1 септември важат за домаќинствата и фирмите само како препораки, но се задолжителни за државните институции. Од 1 декември 150-те локални компании кои произведуваат основни прехранбени производи, најголем дел за млечни и лебни производи, ќе имаат фиксни цени на струјата, со цел сметките за струја да не влијаат на поскапувањето на крајните цени кои се од суштинско значење за граѓаните.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button