ВЕСТИРЕГИОН

Што содржи анкесот за спроведување на европскиот план меѓу Косово и Србија

Што содржи анкесот за спроведување на европскиот план меѓу Косово и Србија

По завршувањето на разговорите, Европската унија го објави текстот на анексот за имплементација на Договорот

Advertisements

• Анексот е составен дел на Договорот
• Косово и Србија се целосно посветени да ги почитуваат сите членови од Договорот и овој Анекс, и да ги спроведуваат сите нивни соодветни обврски – кои произлегуваат од Договорот и Анексот – на соодветен начин и со добра волја
• Страните имаат предвид дека Договорот и Анексот за имплементација стануваат составен дел од соодветните процеси за членство на Косово и Србија во ЕУ. Страните имаат предвид дека, веднаш по усвојувањето на Договорот и овој Анекс, посредникот на ЕУ ќе започне процес за промена на стандардите од Поглавјето 35 за Србија, за разгледување на новите обврски на Србија, кои произлегуваат од Договорот и Анексот.
• Страните се согласија итно да ја усвојат Декларацијата за исчезнати лица, како што беше преговарано во рамките на дијалогот со посредство на ЕУ.
• За да се имплементира членот 7, Косово веднаш ги започнува преговорите во рамките на дијалогот со посредство на ЕУ, за дефинирање на конкретни аранжмани и гаранции, кои обезбедуваат соодветно ниво на самоуправување за српската заедница на Косово, во согласност со претходните соодветни договори на дијалогот, како што е утврдено од посредникот на ЕУ
• Страните се согласија да формираат Заеднички комитет за мониторинг, со кој претседава ЕУ, во рок од 30 дена. Спроведувањето на сите одредби ќе биде обезбедено и надгледувано од Заедничкиот комитет за мониторинг
• • За спроведување на член 9, ЕУ ќе организира донаторска конференција во рок од 150 дена, за да се создаде пакет инвестиции и финансиска помош за Косово и Србија. Нема да има никаква распределба пред ЕУ да утврди дека сите одредби од Договорот се целосно имплементирани
• Косово и Србија се согласуваат сите членови да се спроведуваат независно еден од друг
• Косово и Србија се согласија да не го блокираат спроведувањето на ниту еден од членовите
• Сите дискусии поврзани со спроведувањето на Договорот ќе се одвиваат во рамките на дијалогот со посредство на ЕУ
• Косово и Србија признаваат дека непочитувањето на нивните обврски од Договорот, Анексот или минатите договори за дијалог може да има директни негативни последици за нивните соодветни процеси за членство во ЕУ и за финансиската помош што ја добиваат од ЕУ./Алсат.мк

Шкелзен Аќифи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button