ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Штрајкот во пошта ставен во „мирување“

Генералниот штрајк во националната „Пошта“ што почна вчера е ставен во мирување до 27-ми месецов, до кој датум треба да биде потпишана спогодба со Управниот одбор со која ќе се  овозможи ефектуирање на ветувањето за зголемување на платите на вработените за 3.000 денари, информираа денеска синдикалните организации.

Advertisements

Тие најавија дека работниот процес во А.Д „Пошта на РСМ“ ќе се одвива непречено во сите поштенски единици.

– Синдикалните организации на Македонска пошта со започнување на генералниот штрајк на 14.04.2022 година, веднаш започнаа интезивни преговори со Управниот одбор на А.Д. Пошта на РСМ, со што се постигна договор за првото приоритетно барање на вработените за линеарно покачување на нето платата на вработените во износ од 3.000 денари. Синдикалните организации го прифатија предлогот на Управниот одбор, и во текот на вчерашниот ден Управниот одбор донесе одлука за линеарно покачување на платите на вработените која гласи: Се прифаќа барањето на Синдикалните организации на А.Д Пошта на РСМ за линеарно покачување на платите на вработените во износ од 3.000 денари. Динамиката на линеарно зголемување на плата со прво за вработените во технолошкиот процес платата ќе се зголеми со исплата на плата за јуни, за останатите вработени во администрација платата ќе се зголеми со исплата на плата за август, наведоа во соопштение синдикатите.

Врз основа на донесената одлука од Управниот одбор, како што дополнуваат, следи потпишување на спогодба со УО на А.Д „Пошта“, во која ќе бидат опфатени сите точки од барањата на вработените наведени во одлуката за генерален штрајк на Синдикалните организации.

– Рокот за потпишување на спогодбата со Управниот одбор е до 27.04.2022, со што до тој датум гнералниот штрајк ќе биде во мирување. Работниот процес во А.Д „Пошта на РСМ“ ќе се одвива непречено во сите поштенски единици во Македонија, стои во информацијата од синдикатите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button