Силјановска-Давкова 362 682, Пендаровски 180 306 – податоци од ДИК по 99,85 % обработени избирачи
По пребројаните 99,85 отсто од избирачите кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ има двојна предност пред кандидатот поддржан од СДСМ, додека кандидатот на коалицијата „Европски фронт“ е трет.
Кандидатката за претседател на државата поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, и натаму води со двојна предност пред кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски, покажуваат најновите резултати на интернет-страницата на Државната изборна комисија (ДИК) по првиот круг на претседателските избори.
По пребројани 99,85 отсто од избирачите, Гордана Силјановска-Давкова има 362 682 гласа, а Стево Пендаровски 180 306 гласа.
Претседателскиот кандидат од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски е четврти на листата со 83 787 гласови, а по него со само 431 глас помалку е кандидатот на коалицијата „Вреди“, Арбен Таравари кој има 83 356 гласа.
Кандидатката од Левица Билјана Ванковска-Цветковска има 41 172, а последен на листата е Стевчо Јакимовски од ГРОМ со 8 103 гласа.