ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето денеска: Променливо облачно со повремен дожд и температура до 18 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег, се вели во прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи, а ќе дува и слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе биде од 0 до 10 Целзиусови степени, а дневната од 5 до 18 степени.

Во Скопје, времето денеска, ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои кон крајот на денот ќе престанат. Во текот на денешниот ден ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец. Наутро температурата ќе биде 8 степени, а во текот на денот ќе се искачи до 15 Целзиусови степени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button