ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Силјановска: Функционерите од власта се лажни Европјани

Кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова, на митингот во Куманово, најави дека како претседател ќе бара единство. „Не оди надвор доколку не можеш да се повикаш на граѓаните и на пратеничкото единство. Јас по него ќе трагам“, рече Силјановска. Таа наведе дека како пратеничка во Собранието често сведочела на злоупотреба на европското знаменце и го обвини шефот на државата Стево Пендаровски за соучесништво во злоупотребата на постапката. Таа за функционерите од власта кажа дека се „лажни Европјани“.

„Тоа нема ништо заедничко со Европската Унија, тоа е злоупотреба на Европската Унија. Претседателот, можеше секогаш кога законите се носеа по скратена, наместо по редовна постапка, а во редовна постапка можеа да присуствуваат и засеганатите, експертите, невладините организации и да дискутираат, стануваше соучесник во кршењето“, рече Давкова.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button