МАКЕДОНИЈА
Силниот ветер откорна дрво на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово

Силниот ветер што попладнево го зафати Куманово откорна дрво на булеварот „Октомвриска Револуција“. Екипите на јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“ веднаш реагираа и го отстранија дрвото.
– Брза интервенција на нашите екипи за санација на паднато дрво од силниот ветер на булеварот „Октомвриска Револуција“, објавија од јавното претпријатие.
Попладнево во Куманово дуваше силен ветер проследен со послаби врнежи од дожд.